Рашиди: Македонските медиуми „поттикнувачи“ на протестите

Од:

Новинарот Назим Рашиди во анализа на Диверзити медија продакшн за неодамнешните протести во Скопје како поттикнувачи ги посочува македонските медиуми.

Посочува дека многу мал број на медиуми на македонски јазик известија дека по предходните протести на група македонци против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана, истепаа неколку млади албанци меѓу нив и малолетни. Рашиди го цитира аналитичарот Артан Садику кој вели: „Мислам дека во разгорување на овој бес влијаеше и непокривањето на овој инцидент и овие случувања од страна на македонските медиуми, со што голем дел од граѓаните (Албанци) почнаа да веруваат дека дека овие медиуми сакаат да ги прикријат и да ги минимизираат овие инциденти“.

„Зошто македонските медиуми уште не ја научиле лекцијата“ прашува Рашиди.

„Последниот случај со протестите уште еднаш ја истакна големата важност на професионалното известување и големата улога што медиумите ја имаат во едно општество. Фактот што во Македонија се зборуваат повеќе јазици овозможува македонските медиуми да бидат во фокус и на Албанците и на мнозинството кое зборува македонски јазик. Набљудувачите велат дека македонските медиуми не го земаат предвид ова или пак, намерно се поигруваат со чувствата на граѓаните. Овој ефект го немаат медиумите на албански јазик затоа што многу мал број на Македонци го знаат албанскиот јазик“, стои во анализата на Назиф Рашиди.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ