Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Од:

Околу 190 лица од полавените подрачја кои се сместени во средношколскиот и студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“ и во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ ќе можат да го продолжат престојот за уште 60 дена.

За ова решение денеска информираше министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски во домот „Сениќ“ по посетата во поплавените подрачја во населените места Сингелиќ, Економија и Стајковци.

– Стручни лица од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гази Баба и лица од Министерството за труд и социјална политика ќе се сместат во канцеларија во домот „Сениќ“ при што ќе направат скенирање на состојбата за потребите на сместените лица, а дополнителни тимови ќе направат и проверка на терен дали сите лица коишто се сместени имаат услови да се вратат во своите домови. Тимовите треба да проверат дали има граѓани кои се уште имаат потреба од социјална заштита и од сместување во некој од домовите, рече Ташевска-Ременски.

Нагласи дека раселените лица во домовите во „Сениќ“ и „Партенија Зографски“ имаат огромни потреби кои не се врзани со сместувањето, за кои тимовите од Министерството и Меѓуопштинскиот центар ќе преземат активности за да им помогнат во проблемите со кои се соочуваат како што е потреба од здравствена, социјална и детска заштита.

Министерката апелираше до сите граѓани од полавените подрачја коишто се во социјален ризик, а не се обратиле или не побарале помош од надлежните институции тоа да го направат веднаш.

– Оние граѓани за кои тимовите ќе утврдат дека се во социјален ризик ќе можат да се сместат во институциите со кои Министерството има договор, истакна Ташевска-Ременски и додаде во домовите ќе можат да се сместат дополнително уште 100 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ