Расцветаа јапонските цреши на главната улица во Кичево

Од:

Десет години по ред најдобрата најава на пролетта во Кичево се расцветаните јапонски цреши, засадени на главната улица. Така деновиве и пред почетокот на април, првиот вид јапонски цреши ја распослаа својата розевина на најградската улица во Кичево.

Граѓаните уживаат во оваа глетка и секој убав ден го користат за прошетка и уживање во розевината што ја краси главната улица.

– Не треба да го гледаме календарот за да дознаеме дека доаѓа месец април. Единствено треба да прошетаме по главната улица на Кичево и се ќе ни биде јасно. Април е месецот на цветањето на јапонските цреши, кои на оваа улица беа засадени пред една деценија. Ги има од два вида, првите со поситен цвет и со повисок раст кои цветаат кон крајот на март и почетокот на април и, вторите нешто пониски но со пораскошни цветови кои го пленат погледот на секој минувач во овој дел од градот. Во наредните петнаесетина дена секојдневно пред нашите очи ќе биде оваа неповторлива убавина подарок на природата-вели Петре Тренески,жител на една од соседните улици на чаршијата.

Граѓаните и случајните минувачи со нетрпение ги очекуваат расцветаните цреши и често се фотографираат или прават самослик и, по малку се тажни кога по две седмици розевите цветови ќе им отстапат место на зелените лисја, кои ќе ги красат овие стебла до средината на есента. И така секоја година и секоја пролет.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит