Расчистено разбојништво во Скопје, приведени четири лица

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.П.(24) од Катланово, скопско, Р.Ј.(23), А.С.(20) и малолетник, тројцата од село Огњанци, скопско, информира МВР.

– Тие се сомничат дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К.(31) од Малта, со живеалиште во Скопје, соопшти МВР.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он