Расчистено разбојништво во Радовиш, приведени разбојниците

Од:

Денеска, Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 27-годишниот К.К. од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „разбојништво“ по член 237 став 4 и „спречување на докажување“ по член 368 и против 22-годишниот М.Т. и 21-годишниот О.А., двајцата од село Покрајчево, радовишко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, велат од МВР.

– На 09.05.2022 во 04.00 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица „Свети Спасо Радовишки“ во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземенимарихуана и две дробилки со остатоци од марихуана, соопшти МВР.

На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он