Расчистени пет кривични дела, кривични пријави за четири крадци кои извршиле кражби во Штип

Од:

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип вчера расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип и тоа; кривично дело „одземање моторно возило“ за кое се осомничени С.Р.(21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела „тешка кражба“ од кафемати за кои е осомничен Д.Г.(38) од с.Василево, струмичко и кривично дело „тешка кражба“ од куќа за кое е осомничен Џ.И.(35) од Штип, информира МВР.

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројцаосомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски