Расчистени одроните на патот Делчево – Кочани

Од:

Одроните кај месноста „Драките“ кои вчера направија застој во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани се расчистени и сообраќајот се одвива нормално.

Сепак од ЈП „Македонија-пат“ апелираат на претпазливост до возачите на овој патен правец, бидејки поради влагата можна е ваквата појава да се повтори.

-Наши екипи ја следат состојбата, редовно прават обиколка на овој терен кој е доста специфичен и при појава на поројни дождови е подложен на одрони. Поради ова останува апелот до возачите да внимаваат при движење на овој патен правец, бидејки освен што теренот е под вода, на места се вози и по влажни коловози, велат од ЈП „Македонија пат“.

Според надлежните во претпријатието, истото важи и за патниот правец Виница-Берово, каде во одредени делови од патниот правец присутна е и појава на магла.

Подобра состојбата на патиштата, како што додаваат, се очекува со подобрувањето на временските услови, кои засега не им одат во прилог на возачите.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска