Вчера попладне, во 15.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 21-годишната М.Ј. од Битола, информира МВР.
Таа се сомничи дека околу 14.30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти МВР.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
