МВР: Расчистен случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош

Од:

Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13-ти овој месец, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х. К.(25) од скопско Јурумлери ќе поднесе соодветна пријава.

Од МВР информираат дека по објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, биле преземени мерки и констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан.

– На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ