Рангелова не ги видела предлозите, Маневски не коментира пред Централниот комитет

Од:

Вечерва заседава Централниот комитет на ВМРО -ДПМНЕ, на кој се бираат нови членови на Извршниот комитет. Пред почетокот на седницата членовите не сакаат да коментираат околу изборот на новото раководство.

Даниела Рангелова вели дека не ги видела предлозите за нови членови но очекува таа да остане по функција како претседател на Унија на жени. Претседателот на УМС Владимир Нелоски не сакаше да коментира ништо пред почетокот на состанокот, како и Дарко Костовски, Сашо Стефаноски и поголем дел од останатите присутни. Меѓу првите пристигна и ексминистерот за правда Михајло Маневски.

На Централниот комитет не се поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски. Тие се дел од потписниците на отвореното писмо со кое се бараше одложување на Конгресот за избор на Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и со кое се критикуваше демократскиот процес.

Тие најверојатно нема да бидат дел од новиот Извршен комитет, а според најавите Мицкоски се очекува да предложи повеќе нови кадри, како дел од планот за мдоернизација на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да избере и нов генерален секретар како и потпретседатели на партијата. Неофицијално, за генерален секретар се споменува ексдиректорот на ЈСП, Игор Јанушев, а како можни потпретседатели се вртат имињата на поранешниот министер за финансии Трајко Славески и поранешниот пратеник Александар Николоски.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ