Рамчиловиќ: АВАЗ е за промена на изборниот модел

Од:

Здружението за културно обединување на Бошњаците АВАЗ соопшти дека е за промена на изборниот модел за избор на пратеници.

„Здружението АВАЗ се залага и бара загарантирани места за етничките заедници под 20 % од вкупното население на Република Македонија во една изборна единица без праг. За ова се залагаме со години, а подготвивме и предлог закон кој ќе го поднесеме во Собранието на Република Македонија доколку нашите барања не бидат исполнети и не бидат дел од новиот изборен законик за кој повеќе од извесно е дека ќе се менува“, вели Зеќир Рамчиловиќ, пратеник на АВАЗ.

Како што вели тој, Собранието според Уставот може да биде составено од 120 до 140 пратеници и, рече тој, сметаме дека доколку останат 3 места за дијаспората, останатите 17 пратеници да бидат распределени на етничките заедници под 20%, односно од редот на Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и Власите.

„Ова е нашиот став со кој се запознаени политичките партии и за кој сакаме да ја информираме и јавноста. Сметаме дека ова е единствениот начин за унапредување на положбата на етничките заедници под 20 %, нивна заштита и чување на нивниот идентитет“, вели Рамчиловиќ.

Овие етнички заедници, рече тој, ќе станат порамноправни и поквалитено вклучени во креирањето на политиките на национално ниво. Само на овој начин, додаде Рамчиловиќ, ќе го сочуваме мултиетничкиот концепт на нашето општество, а ќе добиеме поразнообразно, порамноправно и поодговорно собрание во кое соодветно ќе бидат застапени различните етнички и граѓански групи од нашето мултиетничко општество.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати