Рамадани: Во 2019 во редовна контрола констатирана е една погрешно кодирана процедура

Од:

ФЗОМ носи буџет за секоја институција и при донесување на буџетот се земаат предвид повеќе фактори, истакна екс-директорот на Фондот, Орхан Рамадани кој на функцијата бил од 2015 до 2020 година на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со Онкологија.

– Покрај буџетот, има и условен буџет. Ова што го прашувате е за условниот буџет. Со него клиниката може да набавува лекови кои не се на позитивната листа под услов да добие согласност од Министерството за здравство, после што дописот доаѓа до Фондот. Фондот гледа дали има буџет за тие лекови и потреба од нив. Фондот на управен одбор носи одлука за согласност, рече Рамадани.

Рамадани одговори на прашањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кои се обврските на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) поврзани со членот 9 од Законот за здравствено осигурување којшто пропишува дека Клиниката има обврска да побара од ФЗОМ согласност за набавка на биолошка терапија (односно за условниот буџет).

Милошоски нагласи дека ова само потврдува дека екс-директорот на Онкологија, доктор Нино Васев бил над законот, над согласностите и над ограничувањата што Фондот му ги давал за лекови.

– Директорот не бил сам, имал и политички покровител штом вака лесно и долги години ги пречекорувал набавките за лекови во големи суми, што резултираше во морбиден скандал и профит, рече Милошоски.

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ праша дали додека Рамадани бил директор на ФЗОМ, добил пријава за незаконско работење и злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија и дали Фондот вршел редовна контрола во Клиниката за онкологија.

– Во 2017 направена е контрола на условниот буџет во два наврати. Констатирано е дека не е доставена документација за аплицирана терапија бидејќи истата не била набавена. Во 2019 сме имале претставка за рефундација за лек кој не бил на позитивната листа. Во 2019 во редовна контрола констатирана е една погрешно кодирана процедура, одговори Рамадани.

Седницата на Анктетната комисија за Онкологија продолжува со прашања на пратеници до поранешниот директор на ФЗОМ, Миле Сугарев, кој оваа функција ја извршувал само шест месеци.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски