Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Од:

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кој беше кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Аребен Таравари, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

– Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност, се наведува во пишаната изјава на Блерант Рамадани доставена до медиумите.

Би можело да ве интересира

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска