Раководството на Струшките вечери на поезијата бара решенија за заштита на спомениците

Од:

Раководството на Струшките вечери на поезијата ги извади плочите посветени на лауреатите, како и плочата на самиот мост во Струга поради се почестите кражби кои се случуваа во текот на изминатиот период врз спомен-обележјата.

Директорот на овој светски реномиран поетски фестивал Мите Стефоски, вели дека дирекцијата прави напори да ги заштити сите обележја за да не бидат мета на вандалисти.

– Обележјата, односно плочите се привремено симнати од нивните места. За поголема заштита ќе се бараат нови технички решенија при нивното повторно поставување. Ова се прави со цел да не дојдеме во ситуација повторно, односно секоја година да се издвојуваат средства за нови плочи, објаснува Стефоски.

Пред една година исчезна и спомен-плочата што беше поставена на Мостот на поезијата по повод петдеценискиот јубилеј на Струшките вечери на поезијата и која содржеше податоци за првите поетски читања. Мета на несовесното однесување беше и паното со Константиновата „Тга за југ“ пред струшкиот Центар за култура кое во текот на изминатите години беше постојано уништувано. Освен културното наследство, во Струга исчезнуваат и се уништуваат и бистите на борците од НОБ.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски