Здружението „Борка – за секој нов ден“ в ндела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено.
-Ова ќе биде нашата 12-та Напред розово која што оваа година преминува во „Race for the cure„ заедно со уште 36 други земји и организации во Европа. Многу сме среќни бидејќи по прв пат ја ставаме Македонија на мапата на Европа во едно такво големо семејство, но исто така сме среќни што успеавме во време на Ковид да не ги заборавиме болните од рак, да инсистираме за нивна грижа, затоа што Ковидот ќе помине, меѓутоа ракот ќе осртане, особено ракот на дојка кој е еден од најчестите видови на рак кај жените, но и кај мажите, рече Додева.
Покрај во Скопје настани истовремено ќе се одржуваат и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажманот на подружниците на „Борка“ во тие градови, како и мобилизација на градоначланиците општините и жените во сите тие места.
Лук Захнер советник за односи со јавност во Амасадата на САД во Република Северна Македонија, која од самите почетоци ги поддржува во континуитет активностите на „Борка“, истакна дека оваа тема е универзална, и на некој начин ги допира сите луѓе низ целиот свет и токму затоа здружението ја има поддршката на Амбасадата за подигање на јавната свест за оваа подмолна болест.
-Се надевам дека сите ќе се придружите на „Борка“ и на тимот на Амбасадата во недела да чекориме заедно во чест на сите кои ги изгубија животите и во поддршката на семјставта, пријатели, докторите, истражувачите и на заедницата, рече Лук кој пренесе и лично искуство за средбата со болеста.
Благоја Боцевски, член на Борка, кој го победил ракот на дојка пред 11 години, јавно и отворено проговори за својата битка со оваа болест и апелираше до сите мажи да вршат самопрегледување, бидејќи тоа не е болест која ги погодува само жените. Апелираше и до здравствените власти во земјава во скринингот покрај жените да ги вклучи и мажите.
Според Додева, во светски рамки 1-2 проценти мажи заболуваат од рак на дојка, Овој тренд го следи и Македонија со осум до 10 мажи кај кои на годишно ниво се дијагностицира рак на дојка.
На новинарско прашање таа потврди дека нема проблеми со издавање потврди за пациентите на Онкологија и оти по појавата на пандемијата им помагаат на болните од канцер во внатрешноста редовно да ги добиваат лекарставта, а дистрибуцијата ја помага Црениот крст и волонтерите.
-Имаме заболени од Ковид, некои деновви се зголемува бројот на заболени, а некои денови се намалува, меѓутоа бројот на заболен и умрени од рак е констатнтен и тоа се отприлика 13 до 15 луѓе дневно, Тоа е огромна бројка и заради тоа сметаме дека здравството не треба да прекине и затоа сите иницијативи од самиот почеток што ги правиме дека треба да се овозможат навремен прегледи за болните, да продолжат дијагностичките прегледи, се работи за малигна болест која може брзо да напредува. Правиме напори и во помалите градови затоа што видовме дека некои клиники не функционираат. Покренавме иницијативи со Министерството и клиниките, за тоа дка мора да продолжат дијагностичките процедури и дека мора да има лекување. Не смее да ни колабира здравствениот систем заради оваа ситуација, рече претседателката на „Борка – за секој нов ден“
Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу Градски парк на кој ќе присуствуваат американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, министреот за здравство Венко Филипче и Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски со целосно придржување кон протоколите пропишани од здравствените власти.Настанот ќе се пренесува во живо на европската платформа на Европската алијанса за борба против рак „Think pink Europe’ чиј член стана „Борка“.