Рајчев: Наводите на Марјан Стаменковски се невистини, ќе поднесам тужба за клевета

Од:

Сметам дека денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка, изјави јавниот обвинител Сашо Рајчев по денешното барање за негово иземање од случајот „ДоказМ“ во Апелациониот суд Скопје.

Според обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој побара иземање, јавниот обвинител Рајчев соработувал со него на дел од предметите за кој што му се суди, додека обвинителот ги отфрли овие наводи како невистини.

Обвинителот Рајчев изјави дека воопшто не го познава обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“.

– Ниту го познавам обвинетиот Маријан Доказ, ниту сум имал контакти лични и какви било, ниту сум имал каква било комуникација, така што наводите од негова страна изнесени денеска на денешната седница ги отфрлам како целосно невистинити коишто ги документирав со писмена изјава која што ја доставив до обвинителството и сметам дека денеска даденото барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите коишто тој ги објавуваше секојдневно и коишто се предмет на оваа кривична постапка, изјави тој.

Во врска со прашањето дали ќе поднесе тужба, имајќи предвид дека тврдењата на обвинетиот Марјан Стаменковски може да се сметаат како клевета, тој одговори потврдно.

– Земав записник од денеска изнесените невистини против мене и тие невистини кои што упатуваат на клевета согласно позитивните прописи претставуваат основ за поднесување на тужба. Така што, да ги прочитам убаво и во скоро време ќе биде тоа изреагирано, рече тој.

Денешната седница во Апелациониот суд Скопје беше одложена за 19 мај поради барање за иземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. За барањето за иземање ќе одлучува јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

Би можело да ве интересира

Сведочењето на Марјан Стаменковски одложено за следното рочиште

На сопственикот на на „ДоказМ“ повторно ќе му се суди за уцена, Апелација му ја намали казната затвор

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара повисока казна, а одбраната укинување на пресудата за случајот „ДоказМ“

Горан Наумовски

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Горан Наумовски

Поради барање за изземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев: Апелација ја одложи седницата за случајот „ДоказМ“ за 19 мај

Сопственикот на „ДоказМ“ побара изземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од постапката во Апелација