Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика

Од:

Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО на АЦВ, пак, е избрана Весна Милосавлевска, дипломиран правник од Скопје и вработена во ова регулаторно тело.

Со одлука на Собранието, нов претседател на Советот за статистика e избран градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а од таа позиција е разрешен проф-д-р Благоја Маркоски. Разрешени се досегашните членови на советот и именувани се нови.

Собранието донесе одлука со која за механизмот граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител ги избра Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје. Со одлука за Собранието за нов член на Агенцијата за пошти е именуван Владимир Кироски, дипломиран инженер, архитект од Скопје.

Именувани се и член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Комисијата за заштита на конкуренција претседател, како и претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „22 Ноември“, „Мето Јовановски“.

Седницата продолжува со расправа по останатите предложени одлуки за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско претстапништво….

На почетокот на седницата не беше прифатен Предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка законот за амнестија што го предложи министерот за правда Кренар Лога, додека поднесената интерпелација за работата на државниот и јавен обвинител Љубомир Јовески е ставена како 27. точка на дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги