Радман: С. Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо

Од:

С. Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ по средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што истакна Радман, Македонија е подготвена, а и добро е преговорите да почнат, особено поради македонските граѓани.

Според шефот на хрватската дипломатија, Хрватска силно го поддржува македонскиот евроинтеграциски процес и смета дека земјава направи многу на тој пат, како и дека може да биде пример на Балканот.

-Сетете се пред 20 и повеќе години. Пет месеци претходно почнаа преговорите. Да не се случеше тоа што се случи, С. Македонија можеби ќе беше во ЕУ пред Хрватска. Ако тогаш постоеја реформски услови, тогаш постојат и сега, по 20 години. Кога зборуваме за тој аспект, гледаме перспектива. И за граѓаните на С. Македонија е важно за еден позитивен, афирмативен, психолошки моментум да почнат преговорите со ЕУ. Мислам и дека во тој процес, во таа перспектива и динамика, С. Македонија може да оствари голем прогрес зашто според нашето искуство, знаење и уверување, Македонија е подготвена. Се надеваме дека многу скоро ќе се создадат услови за почеток на преговорите за што имате наша искрена поддршка, рече Радман на заедничката прес-конференција.

Тој информира дека меѓу двете земји соработката е одлична во сите сфери, како и дека нема отворени прашања. Како области во кои гледа потенцијал за соработка, тој ги нагласи енергетиката, здравството, туризмот,…

-Билатерално бележиме само јакнење на соработката во економијата, стопанството, во сите сфери кои се од заеднички интерес. Ние немаме никакви пречки, меѓу Македонија и Хрватска е се отворено и пријателски. Јас би сакал таква атмосфера каква што имаат нашите две земји да постои и во другите земји од Западен Балкан. Нашата соработка може да биде пример за други земји од Западен Балкан, потенцира Радман.

Хрватскиот министер попладнево имаше тет-а-тет средба со Муцунски, а потоа и билатерална средба помеѓу делегациите на двете министерства.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он