Рачна бомба пронајдена во тетовско село, едно лице под истрага

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен жител на тетовското село Долно Палчиште, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 од Кривичниот законик.

„Во неговата семејна куќа тој држел боева рачна бомба Ф1 од кинеско производство, иако поседувањето на вакви експлозивни материи на граѓаните им е забрането. Бомбата била пронајдена при претрес во домот на осомничениот на 8 јануари, скриена во кутија под креветот во спалната соба“, велат од Обвинителство.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, додаваат од Обвинителство.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај