Работното лето викендов продолжува во Прилеп

Од:

СДСМ „работното лето“ го продолжува овој викенд во Прилеп, а следниот во Крива Паланка. Според партијата досега во првите четири викенда посетиле над 150 населени места, каде директно се сретнале со 80-тина илјади граѓани.

„Но можеби поважно од големината на бројката се резултатите од тие посети. Иако на секоја од средбите првата забелешка на граѓаните е дека се под притисок, под страв, под закани, тие се погласно го искажуваат своето незадоволство, се повеќе се охрабруваат да го кажат своето мислење, се повеќе се одлучуваат да го кренат својот глас“, рече Андреј Петров од СДСМ.

Според Петров, партијата добивла многу решенија, предлози, сугестии.

„Добивме и многу забелешки на нашите предлози, на нашите понудени решенија. Добивме вистинска слика за расположените на граѓаните, за нивната желба за подобар живот, подобар стандард и најважно нивната желба за подобра иднина, за перспективност, за нивната потреба Македонија да биде подобро место за живеење.

Сите овие забелешки, предлози и решенија се уредно структурирани, забележани и веќе сме на добар пад да ја исцртаме програмата за наредните локални избори. Тоа ќе биде програма од граѓаните за граѓаните“, изјави Петров.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО