63-годишниот Јордан Насев, еден од поранешните вработени во „Славија“, денеска се закануваше дека ќе си го одземе животот на влезот на компанијата, јави телевизија „Телма“.
„Еве го јажето, тука е и столчето… решив да се обесам, но ме спречија моите колеги. Нема живот веќе, срам ми е да одам дома повеќе. Се срамам од сопствените деца и внуци бидејќи немам скршена пара во џебот“, изјави Насев за Телма.
Поранешните вработени од „Славија“ веќе 12 години чекаат од државата да им исплати 19 плати со камата, меѓутоа владата не го признава долгот.