Работници исекле електричен кабел, па предизвикале голем пожар

Од:

МВР извести дека вчера во 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во скопското село Раштак.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее