Работни средби на делегации на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Царинската управа

Од:

На 9 и 15 август делегации на Царинската управа на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, предводени од директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и г-дин Никола Бертолини, шеф за операции, реализираа посети на граничните премини Табановце Автопат, Деве Баир, Ќафасан, како и на постојната инфраструктура на областа Маркова нога.

Посетите се реализираа во рамките на повеќегодишната соработка и постојаната поддршка на царинското работење во Република Македонија, од страна на Европската унија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, за негово приближување кон стандардите на Европската унија.

При посетата на ГП Табановце Автопат извршен е увид во користењето и функционланостите кои се овозможени преку реализираниот инфраструктурен проект за надградба на објектите на овој граничен премин. На 30-ти мај 2018 година, по официјалниот настан, на кој беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, како и двете коловозни ленти на излезот од преминот, финансиран од Европската унија, оценето е дека придобивките од проектот, и покрај краткиот период од неговото завршување, веќе ги даваат првите резултати во олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведувањето на царинските постапки во модерни капацитети и услови.

При посетата на граничниот премин Ќафасан делегациите беа запознаени со напредокот во реализацијата на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекција на Граничниот премин за патен промет Ќафасан“ во рамките на Инструментот за предпристапна помош на Европската унија (ИПА) со средства алоцирани за Програмата 2013. При посетата е заклучено дека напредокот на проектот е задоволителен и дека истиот се очекува да биде реализиран до крајот на 2018 година. Се очекува дека со градбата на нов царински терминал за товарен сообраќај од 9,5 илјади м2, новата зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со пропратни содржини да се создадат поповолни инфраструктурни услови на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија. Со тоа се овозможува дополнително забрзување на царинските и прекуграничните формалности на сè поголемиот интензитет на размена на стока и патници преку истиот. При посетата на Охридско –преспанскиот регион посетена е областа Маркова нога, за запознавање со локаната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он