Работна средба на министерот Димитров со постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР)

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во Брисел, ќе има работна средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската унија.

На средбата со соговорниците, Министерот Димитров ќе ги сподели очекувањата на Република Македонија за напредок во пристапниот процес, а ќе ги информира за напредокот кој е постигнат во клучните реформски области и во унапредувањето на доборососедските односи, со фокус на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Министерот Димитров ќе ја искористи можноста на средбата да побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија