Работна средба меѓу државните јавни обвинители на Македонија и Словенија

Од:

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески се сретна со државниот главен јавен обвинител на Република Словенија, Драго Шкета.

Од Јавното обвинителство информираа дека државните обвинители и членовите на делегациите на двете обвинителства на средбата разговарале за зајакнување на соработката во областа на владеење на правото преку размена на искуствата од двете држави.

На средбата била презентирана програмата на Меѓународната развојна соработка на Република Словенија, во чии рамки се одвива проектот „Поддршка на Македонија во Поглавјето 24 – финансиски истраги“.

На покана на словенечките колеги, во проектот ќе бидат вклучени и јавните обвинители од Македонија со цел зајакнување на капацитетите и продлабочување на соработката во финансиските истраги.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски