Работна посета на министерот Димитров на САД

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на 29 ноември 2017 во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД насловена: „A Coming Storm? Shaping a Balkan Future in an Era of Uncertainty” („Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“).

На Конференцијата ќе земат учество министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина учесници и експерти од двете страни на Атлантикот. Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на балканскиот регион кон трансатлантската заедница, и поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во Соединетите Американски Држави.

Министерот Димитров ќе се обрати на панелот „NATO in the Balkans: Securing the Frontiers of Europe in Turbulent Times” („НАТО на Балканот: Обезбедување на границите во турбулентни времиња“).

За време на работната посета на Соединетите Американски Држави, на 27 и 28 ноември, министерот Димитров ќе оствари средби со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и тинк тенк заедницата, како и со македонската дијаспора во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани