Работна посета на државниот секретар во МНР, Виктор Димовски на Бразил

Од:

Во рамките на работната посета на Бразил, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, денеска во Бразилија имаше средба со номинираниот министер за надворешни работи на Бразил, Ернесто Араужо, кој што ќе стапи на функција на 1 јануари 2019 година, со инаугурацијата на новоизбраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Честитајќи му на именувањето на идниот министер Араужо, ДСек Димовски изрази уверување дека ќе продолжи нагорната линија во развивањето на билатералните односи помеѓу двете пријателски земји и му ја пренесе поканата од министерот Никола Димитров за посета на Македонија во првата пригодна можност.

Министерот Араужо ја подвлече важноста што Бразил ја придава на односите со земјите од нашиот регион и во тој контекст и со Република Македонија.

Заеднички беше искажано задоволството од особено конструктивната и блиска соработка во рамките на мултилатералните организации, со заедничка заложба истата да продолжи и во иднина.

Едновремено, министерот Араужо истакна дека очекува интензивирање на економската соработка, со посебен акцент на овозможување на директни контакти помеѓу бизнис-заедниците помеѓу двете земји.

Државниот секретар Виктор Димовски присуствуваше и имаше пригодно обраќање и на свечениот прием во македонската амбасада во Бразилија, приреден во чест на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Бразил, на кој присуствуваа високи претставници на бразилската влада, претставници на дипломатскиот кор и личности од јавниот и политичкиот живот на Бразил.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија