Работилница за заштитата на човековите слободи и права низ соработката на Народниот правобранител со медиумите

Од:

Во организација на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (ТАИЕХ), а во соработка со Народниот правобранител денеска во Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Заштитата на човековите слободи и права низ призмата на соработката на Народниот правобранител со медиумите“.

Работилницата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети и Роберт Лидл од делегацијата на Европската унија во Македонија.

За „Соработката на Народниот правобранител со медиумите-основа за промоција на човековите слободи и права“ ќе зборува заменик народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, а за „Односите со медиумите низ праксата на одделението за односи со јавност на Австрискиот омбудсман “ ќе говори Кристина Хајнтел, шеф на одделението за комуникации на Омбудсманот на Австрија.

На тема „Слободата на медиумите, пренесување на вестите, тенка линија меѓу слободата на изразување и прекршување на човековите слободи и права“ свое обраќање ќе има Сандра Бартоловиќ новинар од Хрватска, а за „Таблодизацијата на медиумите и нивната регулација“ ќе говори Мирче Адамчевски претседател ма Советот за етика на медиумите.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он