Работилница за видеонадзорот во местата за лишување од слобода

Од:

Во Република Македонија се уште во местата за задржување и лишување од слобода има потреба од создавање подобри услови, подобар третман и комуникација со лицата кои се лишени од слобода се со цел да не дојде до повреда на човековите слободи и права, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети, на првата работилница за видео надзор во места на задржување организирана во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци и со поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија.

Досега ниту до Народниот правобранител, ниту до Дирекцијата нема поднесено претставки поврзани со видео надзор на лицата во казнено-поправните институции, психијатриските болници, полициските станици и други места.

Мемети истакна дека е неопходно да се постигне соодветна рамнотежа меѓу целта заради која е поставен видео надзорот и заштитата на човековите права на задржаните лица и вработените во тие институции. Изрази задоволство од досегашната соработка со другите институции.

Директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеоргиевски истакна дека видео надзорот воопшто е тема од посебен интерес на Дирекцијата и најави инспекции и преземање превентивни механизми за подобрување на состојбите во затворите, психијатриските болници и другите места на задржувње и лишување од слобода.

Донче Бошковски, советник за превенција од тортура во канцеларијата на Народниот правобранител рече дека од вкупно 59 посети направени во полициски станици, казнено-поправните установи, психијатриските болници, и други места, меѓу другото, констатирано е дека видео надзорот се спроведува само во 10 полициски станици, каде се реновирани просториите задржување.

Внатрешниот видео надзор се врши во просторијата за задржување, просторијата за распит, канцеларијата на службеникот за прифат и ходникот, податоците се чуваат на централно место, видеонадзорот се спроведува континуирано во текот на 24 часа, но МВР се уште нема изготвено посебен акт со кој ќе го регулира видеонадзорот, односно актот е во постапка на изготвување.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов