Работилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

Од:

Размена на позитивни искуства и добри практики за градење на институционалниот и личниот интегритет во јавниот сектор и планирање на ефикасни решенија и механизми за намалување и спречување на ризиците од корупција има за цел дводневата работилница „Проценка на ризикот од корупција во институциите од јавниот сектор“.

Работилницата ја организира Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка и со поддршка на Европската комисија преку TAIEX инструментот.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски рече дека во Македонија има воспоставено и започнато е со имплементација на општа методологија за управување со ризици, што може да биде добра основа за управување со ризици од измама и корупција.

– Проценката на ризик од измама и корупција е многу важен дел од процесот на управување со ризици на кои треба да се стави поголем фокус. Во насока на успешно утврдување на пристапот за проценка на ризици од корупција изминатата година со помош на Европската комисија и TAIEX инструментот добиено е експертско мислење за состојбата, а подоцна во рамки на ИПА твининг проектот за поддршка и ефикансна превенција во борбата против корупцијата е изготвен и прирачник за управување со ризик од корупција, изјави Тантуровски.

Според Раномир Левичек од ЕУ делегацијата во Македонија корупцијата е клучен предизвик со кој се соочуваат речиси сите држави и затоа ЕУ бара од земјите кандидати да развијат кредибилно следење на превенцијата и справувањето со корупција, што ќе докаже дека антикорупциската политика се спроведува проактивно и испорачува видливи резултати.

– За тоа е потребно преземање правни, институционални и практични мерки што ќе гарантираат соработка не само меѓу релевантните правните и судски власти, туку и вклучување на медиумите, приватниот сектори и граѓаните. Ако се спроведат соодветно системите за проценка на ризикот може да дадат позитивни резултати за превенција, откривање и неутрализирање на практиките на корупција, изјави Раномир.

Посочи дека борбата против корупцијата бара желба и капацитет на институциите кои се вклучени и дека дводневната работилница се однесува на вториот аспект и концептот за проценка на ризикот од корупција во земјата.

Прашан во кои сектори има најмногу корупција Тантуровски рече дека според последните истражувања првенствено е судството, здрваството и некои други сектори.

Во однос на тоа дали се преземени некои мерки и чекори кон одредни институции, Тантуровски рече дека ДКСК тековно работи и отвора предмети од надворешни пријавители и по сопствено наоѓање.

– Во догледно време ќе биде објавен и извештајот за работата на Државната комисија за 2016 година. Многу работевме, имајќи го предвид фактот дека речиси цела година сме во некој изборен режим и сите државни институции се обраќаа до нас за нивните потреби, барања и мислења во однос на тоа да не западнат во ризик од корупција. Ние одговоривме на преку 3.000 барања од државните институции во врска со предизборниот и изборниот процес и спречување на ризикот од корупција, рече Тантуровски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски