Работилница за превенција и рана детекција на шумски пожари

Од:

Развивање на напреден концепт на систем за рано откривање на шумски пожари, кој вклучува мрежа на сензори, камери и беспилотни летала (дронови) е целта на работилницата насловена „Напреден систем за превенција и рана детекција на шумски пожари“ која денеска ќе се одржи во Берово во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски-Скопје“.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на отворањето на работилницата ќе се обратат проект менаџерот на проектот потполковникот Никола Клетников, координаторот на проектот, професорот Питер Пејн од Универзитетот за применети науки Фулда, Германија и деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски.

Би можело да ве интересира

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

Гори ниска вегетација и шума кај селата Ајватовци, Долгаец и Никуштак

Активни се шест пожари, под контрола се три, а седум се изгаснати

Пожарите во близина на селата Мерово и Церово се целосно изгаснати

Горан Наумовски

Изгаснат пожарот кај Церово, активни се четири пожари

76-годишна жена призна дека подметнала 11 пожари