Јазови и потенцијали за соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во државава, како и потребите на бизнис секторот за развој на капацитетите, се утврдени денеска на работилница, во организација на Финанс тинк и Центарот за управување со промени, со поддршка од Европската унија.
На работилницата се презентираа одговори на прашалници доставени до мултинационалните компании за пречките кои се јавуваат за соработка со домашните мали и средни претпријатија. Исто така, претставници на домашни компании претставени позитивни и негативни искуствата од досегашната соработка со странски инвеститори во земјата.
Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ пред учесниците на работилницата ја изразил заложбата на Владата за подобрување на економската состојба на домашните претпријатија преку донесување на Законот за финанасиска поддршка на инвестициите. Тоа особено за развој и зголемена конкурентност на малите и средни претпријатија за кои има посебен дел (трет столб) наменет исклучиво за нив.
Шапуриќ кажал дека Владата на РМ нема да запре со поддршката на домашните компании само со донесување на овој закон туку ќе следува и низа други активности, во соработка со коморите и други организации. Целта е решавање на проблемите, оттргнување на пречките и развој и зголемување на капацитетите на домашните мали и средни претпријатија за остварување на бараните услови на странските инвеститори за поголема соработка, информира Кабинетот на министерот Шапуриќ.