Работилница за истрагите за падот на „Кингерот“

Од:

На тема „Истрага за несреќата на вoздухопловот KingAir B200 Z3-BAB, 2004 – 2014“ денеска ќе се одржи интерактивна работилница, на која ќе се говори и за компаративната анализа на спроведените истраги и донесените Завршни извештаи во 2004 и во 2014 година.

Првпат ќе биде презентирана 3D симулација на траекторијата на летот на Z3-BAB.

Како што е најавено, ќе се презентира и Нацрт и Завршниот извештај од истрагата на несреќата, спроведена во 2004-та година.

На работилницата ќе се дискутира и за степенот на влијание на индиректните причини за несреќата, во предизвикувањето на директната причина за несреќата на воздухопловот KingAir B200 сп рег. бр. Z3-BAB, а ќе биде дадено стручно мислење во врска со нацрт извештајот од повторно спроведената истрага за несреќата, од страна на акредитираните претставници на Република Македонија во Комисијата за повторената истрага (Презентација на стручните анализи, експертизи и мислења на независни воздухопловни експерти).

На интерактивната работилница со стручни експертизи, анализа и мислења ќе презентираат повеќе воздухопловни експерти пд Република Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска