Работен состанок за формирање на мобилни тимови за борба против трговија со луѓе

Од:

Денеска во Министерството за внатрешни работи, државниот секретар Магдалена Несторовска, во улога на Национален кординатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција одржа работна средба со претставници од Министерството за труд и социјална политика, членови на секретаријатот на Националната комисија, како и претставници од повеќе меѓународни и невладини организации во врска со потребата од зајакнување на институционалните капацитети во борбата против трговијата со луѓе.

Во тој контекст од нејзина страна беше истакната потребата од реактивирањето на мобилните тимови за борба против трговија со луѓе на локално ниво, во кои ќе се вклучат и припадниците на полицијата, невладините организации и МТСП, односно Центрите за социјална работа. На состанокот беа разменети мислења во врска со начинот на работа на мобилните тимови, искуствата од другите земји, потребата од формално-правното етаблирање, составот на тимовите , нивната одржливост, финансиската и материјално-техничката опременост итн, а се со цел истите да прераснат во постојана и ефикасна алатка за превенција и борба против трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он