Работен состанок на Арнаудовска со претставници на МАНУ и БАН

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска денеска одржа работен состанок со претседателот на Академијата на науките и уметностите на Република Македонија (МАНУ), академик Владо Камбовски, со претставниците на МАНУ, проф. Маргарит Ганев од Правниот институт при Академијата на науките на Бугарија (БАН) и претставници на БАН.

Состанокот, како што информираат од Академијата, со одржува во рамките на проектната соработка помеѓу академиите на науките и уметностите на Македонија и Бугарија, во чии рамки се одвива и работата на проектот „Реформи во судството“.

На состанокот Арнаудовска ја презентираше Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија од нејзиното основање до денес, нејзината организациска структура и улогата во правосудниот систем на Република Македонија.

Во оваа прилика Арнаудовска го истакна големото значење на Академијата која го има во поглед на унапредување на знаењата на постојните судии и јавни обвинители, креирање на европскиот профил на идните судии и јавни обвинители, подигнување на свесноста на студените по правни науки за сериозноста и нивото на професионалност потребно за извршување на професиите судија и јавни обвинител, а воедно ја презентираше и широката меѓународна соработка која Академијата во континуитет ја остварува со сите релевантни институции од целиот свет, сé со единствена цел да придонесе за поглема ефикасност и модернизација на правосудниот систем на Република Македонија.

– За улогата на Академијата и нејзината успешност ги посочи резултатите од досега сработеното на секое поле кои бележат од година во година нагорна линија за што говорат и признанијата од многу меѓународни релевантни институции, а тука е секако и Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, во кој, Академијата е редовно посочена како успешна институција која посветува големо внимание во поглед на доследно спроведување на судските реформи во државата, се наведува во соопштението од Академијата „Павел Шатев“.

Би можело да ве интересира

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

СДСМ: Додека Европа ја преиспитува Конвенцијата за мигрантите, Македонија ризикува изолација

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро

ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија