Работен камп Скопје 1963-2013

Од:

Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање во сферата на екологијата Акцијаши-Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување на 25 и 26 овој месец во Градскиот парк, зад Луна паркот, ќе постават импровизиран работен камп.

Оваа активност е по повод 50-години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Работниот камп ќе ја симболизира доброволната работа за време на скопскиот земјотрес.
За оваа цел, Дирекцијата за заштита и спасување ќе обезбеди шатори и кревети за сместување за 180 лица, пет штабски шатори, сирена за опасност, десет монтажни маси,
триесет столчиња и возило за транспорт на опремата.
Покрај опремата и стручна помош ќе бидат вклучени и дваесетина лица од Дирекцијата за заштита и спасување во униформа, кои ќе бидат ангажирани за време на општествените и културните збиднувања. мд/17:33

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош