PYKA : Чии интереси штити Регулаторната комисија за eнергетика?!

Од:

Движењето PYKA, ја повикува Регулаторната комисија за енергетика да го повлече правилникот за централно греење, со кое сите граѓани што се корисници на централно греење, и кои потпишале договор за исклучување од оваа компанија, ги присилува и да се вклучат, и да плаќаат ретрокативно за месеците и годините од кога се исклучиле.

Со овој правилник, Вие како комисија на директен начин создавате економски монопол на една компанија, и директно ги кршите човековите права и слободи, со тоа што им го наметнувате на граѓаните начинот на греење во зимскиот период, реагираат од движењето.

Движењето PYKA ја подсетува комисијата дека таа е формирана со цел да ги штити интерсите на граѓаните, а не на компаниите.

Движењето PYKA смета дека Топлификација е таа која треба да им плати на граѓаните, на тие што сега се исклучени од нивниот систем, заради цевките кои поминуваат низ нивните становите со што узурпираат дел од просторот кој е во приватна сопственост на граѓаните.

„Ваквите законски решенија, се однесува можеби на мал дел од граѓаните, но сепак од друга страна ваквите законски решенија покажуваат систематско институционално насилство над граѓаните со што се нанесува штета на граѓаните. Едно треба да е јасно, а тоа е дека граѓаните се носители на суверинитетот на државата, и државата треба да им служи ним, и да ги заштити, а не дополнително да оптоварува нивниот стандард“, велат од PYKA,

Го повикуваат Народниот правобранител да покрене законска процедура за запирање на имплементацијата на овој правилник, до сите релевантни државни институции кои го штитат правото на слободен избор на граѓаните, вклучително и Уставниот Суд.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Именувани претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ е во тотален хаос – назначија двајца претседстели на Регулаторна

Ана Ололовска