Пуштени во употреба три нови простории во Средното училиште „Методи Митевски Брицо“

Од:

Амфитеатар и две нови училници доби Средното училиште за физичка култура „Методи Митевски Брицо“.Покрај редовните ученици новите простории ќе ги користат и над 100 ученици од Спортската академија која од септември стана дел од  тоа училиште.

Новите простории денеска ги пуштија во употреба министерот за образование и наука Панче Кралев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Попоски.

Според министерот Кралев, потребата од зголемување на просторните услови  уследи по имплементација на проектот за воведување на Академија за спортисти.

– Веруваме дека со овие дополнителни нови просторни услови кои беа изградени со средства од приближно 8 милиони денари од страна на Министерството за образование и наука ќе се реши барањето на овие ученици на Академијата да имаат свои просторни услови, но секако и на сите други ученици кои се дел од училиштето за да може да се изведува наставата тековно и без поголеми проблеми, рече Кралев.

За да се подобрат и условите за тренирање директорот на Агенцијата за млади и спорт најави и изградба на уште една спортска сала.

– Агенцијата за млади и спорт оваа година исто така ќе инвестира средства согласно Програмата за капитални инвестиции и некаде пред крајот на февруари ќе објавиме јавна набавка за изградба на уште една сала која што ќе помогне во изведувањето на образовниот и тренажниот процес на сите учесници во Спортската академија, информира Попоски.

Тој најави дека наскоро Агенцијата ќе излезе со резултатите од истражувањето кои ги постигнале учениците од Спортската академија.л

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска