Пуштени во употреба реконструираните простории на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово

Од:

Надлежните од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово и преставници на локалната власт во Куманово денеска ги пуштија во употреба реконструираните простории во установата наменети за корисниците на услугите на домот.
 
Јавната установа одвои 3 милиони и 600.000 денари, сопствени средства за реконструкција на 13 соби, 12 тоалети, едно купатило од т.н „прв реон“ на установата, а со реконструкцијата опфатени се дополнителни три купатила.
 
– Нашата стратешка цел е на нашите корисници да им обезбедиме активен социјален живот,квалитетни здравствени услуги и добри услови за сместување и ова се обидуваме да го реализираме со нашиот финансиски капацитет кој го имаме,но за да можеме да го зголемиме квалитетот на повисоко ниво ќе ни треба помош и од други субјекти како се МТСП,општината, рече директорот на Домот за стари лица,Џемаљедин Неџипи.
 
Тој истакна дека секоја година значително се подобруваат условите за сместување на старите лица и најави дека за 2016-та година, согласно финансискиот план ќе одвојат 2 милиони и 100.000 денари,средства од буџетот на установата за реконструкција.
 
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски изјави дека со овој настан се потврдува успешната работа на менаџерскиот тим на јавната установа, кои со сопствени средства сукцесивно, ги обновуваат просториите наменети за старите лица. Куманово, нагласи, како град со над 100.000 жители и има потреба од вакви установи наменети за луѓето од третата доба.
 
– Го истакнувам моето задоволство од она што го гледам денеска.Три милиони и 600.000 денари е една значителна сума која се одделени од средствата кои ги менаџира тимот.Се надевам дека во иднина, уште повеќе ќе се заложиме да створиме нови просторни можности, изјави Дамјановски.
 
Пред една година во Домот со средства од установата беа реновирани просториите на геријатриското одделение. Согласно договорот за соработка со општата болница Куманово, од јануари годинава, интернисти и психијатри  еднаш неделно ги прегледуваат корисниците. Во домот за стари лица „Зафир Сајто“ услугите ги користат 140-тина корисници.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он