ФОТО: Пуштена во употреба новата катна гаража со 445 паркинг места

Од:

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ја пуштија во употреба новата катна гаража лоцирана меѓу улицата „Св. Кирил и Методиј“ и булеварот „Македонија“.

Катната гаража има два ката под земја и седум над земја со 445 паркинг-места. Вредноста на проектот е 743 милиони денари.

Pustanje vo upotreba na katna garaza (4)

Обезбедувањето паркинг-простор, според премиерот Груевски, беше и остана еден од најголемите приоритети како за локалната самоуправа, така и за Владата. Целта, додаде тој, беше да се обезбеди јавен паркинг-простор за потребите на објектите во поблиското опкружување, како и за посетителите на централното градско подрачје.

– Владата на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите на локалната самоуправа и на Градот Скопје кои значат издигнување на Градот Скопје во вистинска метропола вреднувајќи ги сите придобивки на модерното време за граѓаните да имаат подобар, поудобен и побезбеден живот. Ќе работиме на осветлување на скопските специфики кои ќе ги обединат сите генерации, рече Груевски.

Pustanje vo upotreba na katna garaza (5)

Катната гаража, како што рече градоначалникот Трајановски, е современ  објект со модерен систем со видео-надзор, систем за следење на слободни паркинг-места и за насочување на возилата, осветлување и испочитувани стандарди за противпожарна заштита.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош