Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој

Од:

Нормализиран е сообраќајот за сите видови на возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај село Порој, информираат од АМСМ.

Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

– На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, велат од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози