Пуштен за сообраќај мостот на реката Брегалница во Општина Карбинци

Од:

Жителите на Општина Карбинци можат да го користат мостот на реката Брегалница меѓу селата Долни Балван и Таринци. Сообраќајната полиција денеска и официјално одобри возилата и граѓаните да се движат по него, бидејќи во изминатите девет месеци мостот интезивно се реконструираше.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов информира дека инвестицијата била во висина од 19 милиони денари.

– Благодарение на Владата ги добивме овие средства и направивме реконструкција на мостот на реката Брегалница, кој ги поврзува сите населени места во нашата општина со регионалниот пат Штип-Кочани. Во изминатите месеци поради реконструкцијата граѓаните мораа да кружат, односно да патуваат до Штип, а потоа да се приклучат на овој регионален пат, појасни Минов.

Тој смета дека со пуштањето на мостот на реката Брегалница се реализираше еден стратешки проект и очекува во текот на 2015 година да се асфалтира и патот меѓу селата Аргулица и Борилчево, со што Општина Карбници и директно ќе се поврзе со општината Чешиново-Облешево.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна