Пуштен во употреба паркот „23 Октомври“ во Аеродром

Од:

Во насока на обезбедување на нови содржини во Аеродром, заврши реализацијата на уште еден проект. Со садење зелени садници, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, официјално го пуштија во употреба новиот парк „23 Октомври“ лоциран во Стар Аеродром информираше Општината.

Благодарение на заложбите на Општина Аеродром и поддршката од општествено-одговорна компанија, аеродромци добија уште една зелена површина на простор од 2300 квадратни метри, целосно партерно уредена, со ново осветлување, со постоечко и ново зеленило, како и современи реквизи и урбана опрема за забава и рекреација се вели во соопштението.

Градоначалникот Тимчо Муцунски за почетокот на есента најави реализација на нови инвестиции на неколку локации во Аеродром, притоа се заблагодари за поддршката и соработката на сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект.

„Се радувам и се гордеам со ваквите проекти затоа што со нив создаваме урбани површини што ќе траат долго и ќе бидат полни со живот. Активностите за позелен и поубав Аеродром не застануваат тука, а почетокот на есента ќе го одбележиме со уште неколку зелени и спортски катчиња на неколку локации низ општината“, истакна Муцунски во својата фејсбук објава.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он