Пуштен во употреба новиот мост над реката Серава

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го пушти во употреба новиот мост над реката Серава, кој ја поврза ролерско-велосипедската патека на левата страна од реката Вардар во делот каде беше прекината.

– Град Скопје успешно и во предвидениот рок ја заврши изградбата на новиот мост над реката Серава, на вливот во реката Вардар. Со изградбата на мостот над реката Серава на граѓаните на Скопје им се овозможува непрекинато движење по ролерско-велосипедската патека, од мостот кај хотелот „Александар Палас“ до мостот „Тодор Александров“ (поранешниот мост „Близнак“), во должина од околу 8 километри, изјави градоначалникот Трајановски.

Новиот мост над реката Серава е армирано-бетонски, со должина од 16,6 метри и со ширина од 4,6 метри. Коловозот е асфалтиран. Оградата на новиот премин е изработена од челични цевки, а осветлувањето е овозможено со светилките што ја осветлуваат ролерско-велосипедската патека од левата страна на реката Вардар.

На изградба на мостот над реката Серава работеа екипите на градежната компанија „Жикол“ Дооел Струмица. Град Скопје за изградба на овој мост потроши околу 4,8 милиони денари.
Косините околу бетонските крила на мостот, од четирите страни, се обработени со камен. На пролет, просторот околу мостот ќе биде зазеленет.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство