Пуштен во употреба кружен тек меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“

Од:

Градоначалниците на Град Скопје, на Бутел и на Чаир, Коце Трајановски, Петре Латиновски и Изет Меџити, денеска го пуштија во употреба новоизградениот кружен тек меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“, на границата меѓу општините Бутел и Чаир. Во овој проект Град Скопје вложи 22 милиона денари.

– Овој кружен тек е формиран на нивото на постојниот коловоз и има една сообраќајна лента со ширина од 5,5 метри, која ги опслужува сите четири краци. Новоформираниот коловоз е покриен со асфалт со полимер на површина од околу 4.700 метри квадратни, изјави Трајановски.

На краците од улиците „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“ што водат кон кружниот тек се оформени тротоари покриени со бекатон плочки на површина од 900 метри квадратни, а во средината на кружниот тек е засадено зеленило на површина од 1.400 метри квадрати.

На кружниот тек е поставено ново улично осветлување, девет столба и 13 светилки, за кои Град Скопје потроши околу 1,5 милиони денари. Исто толку средства ќе се потрошат и за хортикултурно уредување на околниот простор. На изградба на овој кружен тек работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан