Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Од:

Пуштен е сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четвртокот го зафати Делчево.

До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила, како што информираа од подружницата на „Макадонија Пат“, сообраќајот за тешки товарни возила ќе се одвива преку регионалниот пат Берово – Смојмирово – Виница.

Во текот на вчерашниот ден оваа делница ја посети Костадин Ацевски, директор на претпријатието „Македонија Пат“, кој рече дека целосна санација се очекува в понеделник, потенцирајки дека граѓаните на време ќе бидат известени за секоја промена на сообраќајот на магистралата А3.

Делницата вчера ја посети и министерот за транспорт Благој Бочварски, од каде е најавено и официјална потврда за пуштањето во употреба на патот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево кон Македонска Каменица и останатите градови.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево