Пуштање во употреба на патот до „Св.Јован Бигорски“

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе го пушти во употреба рехабилитираниот локален пат што го поврзува манастирот „Св. Јован Бигорски“ со регионалниот пат Маврово – Дебар.

На пуштањето на делницата од спојот со регионалниот пат до манастирот, ќе присуствува и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Станува збор за рехабилитација и реконструкција на локален пат во должина од околу еден километар. Патот е асфалтиран, извршено е проширување на сите кривини и изведен е потпорен ѕид во должина од 60 метри. Просечната ширина на коловозот е околу шест метри.

Инвестицијата за градежните работи изнесува околу девет милиони денари, обезбедени од заемот од Европска банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози