Министерството за внатрешни работи извести дека пунктот за промена на лични документи без закажување во полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од осум до 16 часот.
„Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (25.11.2023) од осум до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко“, велат од МВР.