Пумпи за извлекување вода се распределуваат во Инџиково

Од:

Во населеното место Инџиково денеска се распределуваат пумпи за извлекување на насобраната вода од поплавените подруми и дворови, информираат од Град Скопје.

– Во моментов се распределуваат 100-тина пумпи што ќе црпат вода од поплавените подруми и дворови во населеното место Инџиково. Во текот на денот очекуваме да пристигнат уште 250 пумпи, со што во Инџиково во функција ќе бидат ставени 350 пумпи за помош на граѓаните, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој заедно со екипи на Градот е во посета на Инџиково.

Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден работеа големите пумпи на Противпожарната бригада кои од колекторите ја исфрлаа водата во каналот во Инџиково.

– Каналот е веќе расчистен со механизација и ќе може да ја прифати извлечената вода од овие 350 пумпи што ќе ги расчистуваат поплавените подруми и дворовите на жителите на Инџиково. Денеска и утре очекуваме да бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково, рече Трајановски.

Најави дека ќе бидат распределени по 350 пумпи и во населените места Синѓелиќ и Стајковци.

– Денеска во функција ќе бидат ставени вкупно 1.000 пумпи на подрачјето на загрозените населени места, обезбедени од Владата на Република Македонија. Значајно е и што со секоја пумпа ќе раководи по еден војник што ќе помогне во расчистувањето на просториите, нагласи Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

(ВИДЕО) Силни дождови ја погодија Анкара, делови од градот се поплавени

Горан Наумовски