Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Од:

При изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, врз Х.И. (44) од Либражд, Република Албанија, паднала работна машина – пумпа за бетон.

Работникот се здобил со тешки телесни повреди и со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот во Охрид, каде што бил предаден на екипа од Итната медицинска помош. Од страна на медицинската екипа било констатирано дека Х.И. починал.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, полициски службеници и претставници на Државниот инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес